Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на јубилејната 100 та книга на авторката Вера Благојевиќ Самарјанин, „Од дното на душата“.
Љубителите на уметноста, на убавиот пишан збор уживаа во нејзините стихови. Таа е еден од најпознатите хуманисти на овие простори.
Содржината продолжува под рекламата
Добитник е на многубројни признанија за својата хумана работа. Во ова дело, „Од дното на душата“, копнежи излеани во стихозбирката испливуваат поттикнати од нејзиниот престој далеку од домот, одделена од своето родно огниште и најблиските.
Содржината продолжува под рекламата
Во нејзините песни се опишани копнежите за враќање во родниот град и земја, помеѓу пријателите и роднините.
Mожеби ќе ве интересира: