Промоција на книгата „Невообичаен Велигден“ од авторот Емилија Златкова-Анастасова

На 23.05 2022 година во Медијатеката беше промовирана книгата „Невообичаен Велигден“ од авторот Емилија Златкова-Анастасова, во организација на Локалната библиотека„Гоце Делчев“ Велес. „Невобичаен Велигден“ е третиот дел од трилогијата, покрај книгите „Близнаци“ и „Каде е Емили“.

Zito akcija 640x289px

„Велат дека најдобрите романи се напишани од животот. Такви се романите на Емилија, говорат за живот, го сликаат животот, од сите негови агли Животот не е бајка, како што самата авторка вели,  но сепак е вреден да се живее. Животните приказни се предадени со сите лоши и добри страни,без разубавување, каков што впрочем е и нејзиниот стил на пишување, едноставен, ненаметлив, разбирлив, дури и оние метафорични прикази се умешно употребени да го наведат читателот дека сѐ во животот има некаква поврзаност“ изјави промоторот на книгата Наташа Брезовска – Богоевска.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Големината на човекот е во делата што ги прави за другите луѓе, а не во делата што ги прават за него“ изјави авторот на книгата Емилија Златкова-Анастасова.

Содржината продолжува под рекламата

Настанот го отвори директорката Павлина Најдова, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска, а земаа учество и учениците Марија Ивановска и Матеј Зашовски од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ со свои музички точки.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29957/71-sankczija-za-brzo-vozene-na-avtopat-kumanovo-skopje-veles/