По два дена потрага полицијата го пронајде возачот кој со возило „Мерцедес“ ги удри пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка. Од силниот удар девојчето почина на самото место, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.
„Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди“, соопшти СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По барање на обвинител тој ќе биде изведен пред суд, а судија ќе треба да одлучи дали ќе му одредат мерка за обезбедување на присуство, а со оглед дека беше недостапен за органите на прогонот.
Можеби ќе ве интересира: