Во два одвоени случаи велешката полиција уапси двајца велешани кај кои е пронајдена марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари.
Содржината продолжува под рекламата
„На 08.07.2023 во 14.10 часот во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(22) од Велес. При претрес во домот во кој што престојувал, извршен по претходно добиена наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
„На 09.07.2023 во 00.50 часот во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(33) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја“, информираа од МВР.
По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: