Пронајден напаѓачот на екипата на Алсат телевизија. Станува збор за 53 годишен жител на Скопје кој најпрвин вербално а потоа и визички го нападнал снимателот на телевизијата.
Од Алсат, велат дека додека нивната екипа снимала инсерти во чаршијата од еден од дуќаните излегол сопственикот и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, по што на снимателот му нанел видливи повреди на главата.
Во нападот оштетена била и опремата на снимателот.
Реагираа од Здружението на новинари на Македонија од каде велат дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик и бараат од МВР и ОЈО итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.
Можеби ќе ве интересира: