Пронајдено украденото возило на Итната медицинска помош во Кочани

kocani ambulantno vozilo

Амбулантното возило кое ѝ било донирано на болницата во Кочани, ноќеска било украдено. Полицијата по петчасовна потрага го пронајде возилото, но не и крадците, кои „лудувале“ по кочанските улици, нагло кочеле и возеле и во спротивен правец.

Zito akcija 640x289px

Возилото било без видливи оштетувања.

Agria

Засега сторителите не се познати.

„Се работи за постаро возило oд марката тојота, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места. Веројатно се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани.

Кочанската болница има неколку понови возила кои се користат за потребите на Итната Помош, за транспорт на пациенти до Штип и Скопје, а едно од нив во март минатата година беше тешко оштетено во сообраќајна несреќа при судир на патот Кочани – Штип. Едно од нив чекаше поправка и беше паркирано во близина на Одделот за хрирургија во Кочани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34584/mladen-chadikovski-izbran-za-staro-nov-pretsedatel-na-znm/