Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година.
Текстот продолжува под рекламата
Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 отсто.
Текстот продолжува под рекламата
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,3 отсто, Информации и комуникации за 5,7 и Транспорт и складирање за 4,9 отсто.
Можеби ќе ве интересира: