Седумдесетина конфекциски работници денеска протестираа пред судот во Кавадарци, незадоволни од судска пресуда. Во изјава за медиумите, тие рекоа дека биле вработени на неопределено време во текстилна фабрика до 23 февруари 2020 година, а фирмата им должела по три неисплатени минимални плати, придонеси од плата и други стасани парични побарувања од плата, во вкупен износ од 9.633.158 денари. Или, секој од нив побарувал по над 130 илјади денари.
Нивниот правен застапник, Даница Милкова изјави дека во подготовка е жалба на судската пресуда до Апелациски суд Скопје. Според неа, имотот на текстилната фабрика бил продаден, а финансиски средства биле дадени како позајмица на семејна фирма на сопствениците на конфекцијата.
Содржината продолжува под рекламата
Поддршка добија и од претседателот на Здружението за заштита на работнички права „Гласен текстилец”, Кристина Ампева, којашто ги повика Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, економски криминал, финансиска полиција и Основно јавно обвинителство, да го истражат случајот.
Од Основен суд Кавадарци најавија дека ќе се произнесат во понеделник.
Можеби ќе ве интересира: