Протести против фабриката за хартија “Пејпер мил“

Pejper mil Kocani
Pejper mil Kocani

Нови протести против фабриката „Пејпер мил“ најавуваат кочанските активисти за чист воздух. Велат и покрај тоа што се инсталираше воден филтер кон крајот на минатата година, фабричкиот оџак на компанијата и понатаму повремено загадува. Не веруваат дека најавените вонредни инспекциски контроли нешто ќе сменат.

Zito akcija 640x289px

„Најавуваме нов протест, бидејќи ништо не се смени во работата на фабриката и сеуште од нејзиниот оџак излегува црн чад кој што претставува опасност за здравјето на граѓаните“, вели Ана Симонова-претседател на Грин орг Кочани.

Agria

Нивната кривичната пријава веќе стигна во обвинителството. Зад пријавата стои здружението „Грин орг“и околу 250 граѓани на Кочани кои со потписот бараат загадувањето да запре. Сметаат дека фабриката треба да продолжи да користи метан, а не пелети  за загревање на котелот бидејќи поставениот филтер не дава резултати. Се сомневаат и во мерењата на акредитираната лабараторија поради тоа што според нив се мерело кога фабриката работела со намален капацитет, па и добиените параметри за загадувањето се пониски од оние што би се добиле во друг работен ден.

„Веќе следната недела може да очекуваме резултати од јавното обвинителство по што ќе ни дадат понатамошни насоки за постапување, доколку биде прифатено ова кривично обвинение“, вели Ана Симонова-претседател на Грин орг Кочани.

Жителите на Кочани неколкупати организираа протести поради загадувањето од Пејпер мил. На последниот во февруари еден час го блокираа влезот во фабриката. Тогаш собраните граѓани тврдеа дека имаат докази дека фабриката најинтензивно загадува навечер и за време на викенди.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: