По две недели во кои Велес имаше високи бројки на заразени од коронавирус, денеска прв пат тој падна под 25. Во последното деноноќие 21 велешанец се позитивни на ковид-19. Преполовен е и бројот на заразени во земјава, а денеска тој изнесува 515. Сепак, намалените бројки се должат на помалиот број тестирања, кој последните 24 часа изнесува 1293.
Најголем број новозаразени има во Скопје – 207, по што следуваат Куманово и Штип со по 33, Прилеп со 25, Битола со 22, Велес и Кочани со по 21, Кичево со 18, Тетово и Струмица со по 17, Кавадарци и Гостивар со по 16, Неготино со 12, Делчево со 11 и Берово со 10.
Едноцифрен број на новозаразени има во Крива Паланка – осум, во Радовиш и Пробиштип има по седум, во Охрид и Демир Хисар по три, Пехчево, Виница и Свети Николе по два и Кратово ио Крушево по еден нов случај.
Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од:
-Скопје 508
-Куманово 41
-Дебар 9
-Штип 50
-Прилеп 80
-Тетово 69
-Струга 17
-Велес 60
-Битола 28
-Охрид 37
-Кавадарци 43
-Гостивар 31
-Гевгелија 19
-Струмица 41
-Крива Паланка 42
-Радовиш 7
-Кочани 30
-Пробиштип 13
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Пехчево 3
-Берово 5
-Валандово 4
-Виница 1
-Делчево 1
-Кратово 4
-Свети Николе 13
-Кичево 24
-Ресен 4
-Неготино 7
Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.
Можеби ќе ве интересира: