31-годишен жител на Росоман е првиот заразен со коронавирус во оваа општина. Момчето често доаѓало на велешкиот пазар, каде што продавало земјоделски производи.
Се претпоставува дека таму ја добило инфекцијата. Росоман досега беше една од ретките општини каде што немаше заразени со коронавирус.
Од почетокот на епидемијата до денеска во земјава се регистрирани 5.595 случаи на заразени со коронавирус, од кои активни се 3.164 случаи.
Можеби ќе ве интересира: