Прва пресуда за случајот со малата Тамара од Велес

Tamara Dimovska
Tamara Dimovska

Условна казна од една година затвор доби претседателката на управниот одбор на Фондот за здравство, на која и се судеше во одвоена постапка за случајот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес, пренесува Телма.

Пресудата се уште не е правосилна и течат роковите за жалба. Поради здравствени проблеми судењето за неа беше одвоено од судењето против останатите единаесетмина обвинети меѓу кои се доктори од двете комисии кои одлучуваат за лекувања во странство како и тогашните директори на фондот.

Agria

Инаку сите се обвинети за несовесно работење во службата. Девојчето почина во февруари 2015 та чекајќи државата да и овозможи операција во странство за сколиозата која ја имаше. 

Процесот против докторите и директорите започна во јуни 2017 та и се уште не е завршен.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: