Прва промоција од Поетскиот караван „Стихувалки 2022“

Денес, пред  Ликовниот салон се одржа првата промоција  од Поетскиот караван „СТИХУВАЛКИ 2022“, како дел од проектот поддржан од Министерството за култура. Настанот е организиран од издавачката куќа ЕДУКА МАК, во соработка со Локална библиотека „Гоце Делчев“, Народниот музеј Велес и ОЈУДГ „Димче Мирчев“.

Zito akcija 640x289px

Настанот го отвори м-р Ели Маказлиева, носител на проектот, промотивен говор имаа  проф.  д-р Кристина Николова, проф д-р Елизабета Бандиловска и писателката Лила Арсова. Со свои точки настапија децата од Градинката, учениците од ООУ„ Васил Главинов“ и ООУ„ Св. Кирил и Методиј“. Свои творби застапени во изданието прочитаа роднокрајните автори за деца Атанас Крлевски, Десанка Николова и Наташа Брезовска-Богоевска.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Завршниот настан на Петтиот фестивал за деца „СТИХУВАЛКИ 2022“  ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“ Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29786/premierot-kovachevski-vo-poseta-na-veleshkata-fabrika-brako/