Во организација на Мото клуб Мото Велес вчера се одржа првата трка од Ендуро шампионатот за 2021 година. Четириесетина мотоциклисти од цела држава, во три класи, се натпреваруваа на патеката мотокрос Мото-Велес, на ридовите на езеро Младост.
Натпреварувајќи се до целта,во времетраење од 3,5 часови, тимовите постигнаа врвни резултати. Сепак првото место во трите класи им припадна на членовите на Мото клубот Мото Велес.
Мото клуб Мото Велес во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес, веќе десетта година по ред, на највисоко ниво, го организира Ендуро шампионатот.
Можеби ќе ве интересира: