Две медицински лица од велешките здравствени институции се дел од новите шест слулаи на лица заразени со коронавирус во Велес.
Еден потврден случај на коронавирусот има кај медицинско лице, кое е вработено во итната медицинска помош во Велес.
Од велешкиот здраствен дом за Батали оваа вест ја потврди и портпаролот на Здравствениот дом во Велес, д-р. Страхил Тодоров.
„Од денешните резултати имаме еден потврден позитивен вработен во Службата за итна медицинска помош од Велес“, рече Тодоров.
Според извори на веб порталот Ти реков ми рече, заразен со коронавирус има кај еден вработен на Инфективното одделение во велешката болница.
Медицинска сестра од Ифективно одделение во ЈЗУ Општа болница во Велес, еден вработен во Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, еден велешанец кој се тестирал самоиницијативно во приватната клиника „Жан Митрев“ и две велешанки од кои едната работела во Скопје а за другата сега се потврдуваат личните податоци се ново инфицираните граѓани на Велес.