Првиот училишен ден започна со бојкот на наставата

Bojkot na nastava Makedonsk Kamneica
Bojkot na nastava Makedonsk Kamneica

340 ученици од четврто до деветто одделение во Основното училиште Кирил и Методи во Македонска Каменица денес не се приклучија на Националната образовна платформа. Нивните родители велат дека почнуваат бојкот и сакаат  децата настава да следат во училница, а не пред компјутер. 

Zito akcija 640x289px

Бараат Комисијата за заразни болести и Министерството за образование да дозволи настава со физичко присуство во училниците и очекуваат позитивен одговор на барањето испратено од Советот на родители.

Agria

Во ова училиште денес на настава беа само 110 ученици од прво до трето одделение. Директорката вели дека го разбира ставот на родителите, но одлуката на надлежните мора да се почитува. Смета дека тие како училиште се подготвени за физичко присуство на сите ученици, но нивното барање е одбиено од Комисијата поради лошата епидемиолошка слика во Македонска Каменица и Делчево, од каде им доаѓа и дел од наставниот кадар.

Родителите најавија дека бојкотот ќе продолжи се додека Комисијата при Министерството за образование не се премисли и дозволи децата да се вратат во училишните клупи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: