Првото бебе во 2021 година во Велес се роди во домашни услови

Три дена по Нова година, се роди првото бебе во Велес. Но, наместо во болница, првиот жител на Велес за 2021 година дојде на свет во домашни услови, соопштија од влеешката болница.

Zito akcija 640x289px

„Првото бебе годинава е девојче, со тежина 2,98 килограми и 51 сантиметри должина, родено е дома. Тоа е прва рожба на 23-годишната Симона Панова и таткото Љупчо Митров. Родителите уште немаа име за новороденчето“, рече д-р Елеонора Јованова, портпаролка на Општа Болница Велес.

Agria

Мајката се породила синоќа околу 21:30 часот и таа заедно со бебето во болница биле донесени од екипа на Итната помош.

„Добивме телефонски повик за мајка која се породила во домашни услови. Лекарска екипа предводена од д-р Марјан Мишев беа во домот на мајката, дадена е потребната и неопходна лекарска нега и е префрлена на акушерското одделение од болницата“, рече д-р Васе Пановска, началничка на Итната медицинска помош.

На Гинеколошко-акушерското одделение во велешката Општа болница лани се родиле 413 бебиња што е за 60 помалку во однос на 2019 година. Споредено со 2016 година кога се родиле 651 бебе, намалувањето е за 238 бебиња.

Како и изминатите години, така и лани, дел од бебињата наместо во Велес, родени се на скопските приватни клиники. Сепак, наталитетот во Велес и велешко драстично опаѓа од година во година, велат од велешката болница, во која се примаат родилки и од соседните општини Свети Николе, Неготоино, Лозово и Росоман.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17323/mvr-prodolzhuva-so-sanczionirane-po-odnos-na-merkata-za-nosene-lichna-zashtita-na-licze/