(ФОТО) Пукал во својата баба со воздушен пиштол

Manastirec kuka

Вистинска драма се случувала синоќа во домот на семејство од кавадаречкото село Манастирец. По кратка расправија со неговата баба, 33-годишниот Б.Л. извадил воздушен пиштол и почнал да пука кон неа. Со неколку дијаболи ја погодил и ја повредил 81-годишната С.М.

Zito akcija 640x289px
Manastirec B.L.
Б.Л. (33) ја повредил својата баба, пукајќи кон неа со воздушен пиштол

Полицијата го приведе и го лиши од слобода Б.Л. против кого ќе биде поднесена соодветна пријава.

Agria
81-годишната С.М и нејзиниот сопруг

Семејството е регистрирано како социјален случај, а згора на се, Б.Л. има и психички проблеми. Пред пет месеци, поради неплатени сметки семејството живееше без струја во својата куќа. По интервенција на новинарската екипа на ТВ 24, хумани граѓани им помогнаа и им ги платија заостанатите сметки за струја, но и донираа храна, хигиена и покуќнина.