Пукање кај Мавровка, едно лице убиено

Policija Veles avtomobil

Нова престрелка се случи утрово на паркингот кај Мавровка во Скопје. Во пукањето убиено е едно лице чиј идентитет за сега не е познат. Се очекуваат официјални информации од МВР  во врска со овој случај.

Zito akcija 640x289px

Ова е второ пукање во последните 24 часа. Вчера било пукано во возило во движење во кое имало две лица, од кои едниот е тешко ранет и е пренесен на натамошно лекување на скопските клиники.

Agria

Според неофицијалните и првични информации мета во вчерашниот настан било лицето Н.А. Пукањето се случило кај местото викано Агросервис. На лице место се пронајдени седум чаури.

„На 19 август 2024 година околу 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило пасат со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија вчера од МВР.

Можеби ќе ве интересира: