Агент на тајната служба го прекинува Трамп само неколку минути по почетокот на прес конфренцијата за коронавирусот, замолувајќи го да појде со него. Трамп и неговиот персонал потоа ја напуштаат просторијата.
Трамп бил префрлен во Овалната соба, а претседателот изрече потоа бројни пофални зборови за луѓето од своето обезбедување. Кратко потоа тој се врати и ја продолжил прес-конференцијата. За време на отсуството на Трамп, новинарите биле заклучени во просторијата.
Идентитетот и мотивите на 51-годишниот човек кој е повреден со истрел во градите засега не се познати. Трамп изјавил дека инцидентот веројатно немал никаква врска со него.
За време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп политичките тензии во земјата бележат силно зголемување. На трети ноември, за помалку од три месеци, ќе бидат одржани претседателските избори на кои Трамп се кандидира втор пат.
Можеби ќе ве интересира: