Пукање синоќа во Карпош, разбојник се обидел да ограби маркет – полиција го бркала низ населбата

policija svetla

Полицијата трага по разбојник кој синоќа се обидел да ограби маркет во скопската населба Карпош 3, објави „Канал 5“, повикувајќи се на полициски извори. Инцидентот се случил во близина на „руските згради“ кај болницата „8 септември“.

Zito akcija 640x289px

При бркотницата се слушнале истрели, а дел од жителите на населбата бегале во паника. Акцијата за апсење на разбојникот сѐ уште е во тек. Од полицијата велат дека тој бил облечен во црвени пантолони и ги повикуваат граѓаните да пријават доколку го забележат.

Agria

Од полицијата официјално велат дека тим од интервентната единица спроведува акција за приведување на разбојник, кој според пријавеното, синоќа околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на улицата „Драгиша Мишовиќ“.

Неколку медиуми претходно објавија дека на пукањето му претходела заложничка драма во маркетот и дека разбојникот се обидел да избега криејќи се зад вработените. Овие информации засега не се потврдени од полицијата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34821/video-gir-ubavite-zborovi-ne-se-dovolni-vo-borbata-protiv-korupczijata/