Работодавачи добиле државна помош, а на работниците не им исплатиле плата

Директорка на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција информираше за неисплатените плати од страна на компаниите кои земале финансиска поддршка.

Zito akcija 640x289px

Со состојба 2 февруари 2021 година, на 13.160 работодавачи им е исплатено вкупно 961.709.306,00 денари за исплата на декемвриската плата на 60.974 вработени. Од нив 306 работодавачи, на 992 вработени не ја исплатиле платата, а земале финансиската поддршка во износ од 16.305.020,00денари.

Agria

„За овие работодавачи Управата за јавни приходи изготви и достави опомени и за неисплатената плата, а по истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата ќе следи проведување на постапка на присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи. Овие компании се од дејностите:

– 78 работодавачи од дејноста трговија на мало, кои примиле финансиска помош од 2.219.584 денари и на 145 вработени не исплатиле плата,
– 44 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 2.239.825 денари и на 130 вработени не исплатиле плата,
– 26 фирми од дејноста градежништво, примиле помош од 944.106 денари и на 57 вработени не исплатиле плата.

Финансиската помош за исплата на плати е една од најкористените мерки во сите четири сета економски и мерки. За неа досега се исплатиле близу 130 милиони евра, на сто илјади компании а плата добиле близу 607 илјади вработени. Ставот на сите комори и синдикати е оваа мерка да продолжи и во петтиот сет, но Владата предлага мерката да се замени со бескаматни кредити. До утре се очекува Владата да пресече каква која мерка ќе биде дел од новиот сет економски мерки.

Претходно пет фирми од Велес добиле, а не им исплатиле плати на работниците во вкупна висина од 92.1230 денари.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18275/vecherva-vo-bolnicza-pochina-48-godishna-veleshanka/