Со „Беседа за Рацин“, доделување на „Рациновото признание“ и „ Почесното Рациново признание“ за 2022 година и претставување на книжевните портрети на добитниците, во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес синоќа се одржа централната манифестација на 59. „Рацинови средби“.
Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување за 2022 година му е доделена на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“, а „Почесното Рациново признание“ за 2022 годинава му припадна на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад.
Содржината продолжува под рекламата
Настанот беше проследен со сценски перформанс од животот на Рацин, а во делот на музичка програма настапија Орхидеја Дуковска – вокал, Благој Ламјов – кларинет и Атанас Зафиров – пијано.
Можеби ќе ве интересаира: