Ракометарите на Борец со пораз ја завршија сезоната во Првата ракометна лига. Во Штип тие беа поразени од Текстилец со резултат 30:26, и со тоа го освоија четвртото место плеј аутот на Првата ракометна лига.
Велешани иако допатуваа во Штип со само осум ракометари во ростерот, достојно пружија отпор иако домаќините ја имаа целосната контрола над резултатот уште од самиот старт.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни кај Борец беа Лазе Стојанов и Борис Ристовски со постигнати шест погодоци, додека кај штипјани Димитријев Бобан постигна исто така шест погодоци.
Можеби ќе ве интересира: