Ракометарите на Борец го запишаа и петиот пораз во петиот натпревар од прволигашката конкуренција, откако на гостински терен загубија со убедливи 40 гола разлика од домаќинот Аеродром , 55:15.
Победникот на овој натпревар беше познат уште по првото полувреме, кое заврши со предност од 26:7 за домаќините. До крајот на натпреварот само се броеја погодоците во мрежата на велешани.
Содржината продолжува под рекламата
Антонио Јаневски беше стрелец на десет гола од 15 колку што постигна Борец, додека Борче Трпески со десет и Александар Мирчески со седум погодоци беа најефикасни кај домаќините.
Можеби ќе ве интересира: