Ракометарите на Фруитленд Борец има сили само за едно полувреме против составот на Прилеп. Танката клупа и техничките грешки во нападот му овозможија на домаќинот да ја оствари четвртата победа во првенството. Сепак се поевидентно е подобрата игра на Фруитленд Борец по доаѓањето на новиот стратег, Владимир Глигоров.
Велешани иако не тргнаа најдобро во натпреварот, и губеа со четири разлика , сепак до крајот на првото полувреме дојдоа до израмнување. До 33 минута резултатот на семафорот гласеше 18:18 и Фруитленд Борец имаше шанси за водство, но домашниот состав ги казни техничките грешки на велешани и рутински го одработи натпреварот за конечни 33:27.
Најефикасен кај Фруитленд Борец беше Тоше Ончев со девет постигнати погодоци и Ивица Илиев со шест гола. Следува репрезентативна пауза, па потоа Фруитленд Борец ќе биде три пати едно по друго домаќин. Најпрво ќе го пречека Тиквеш, а во Велес ќе гостуваат и екипите на Струга и Вардар 1961.