Ракометната федерација донираше 5.000 евра за лекување на поранешниот велешки ракометар Тони Шопов

Ракометната федерација на Македонија (РМФ) донира 5.000 евра за лекување на поранешниот ракометар, велешанецот Тони Шопов. Ваква одлука донесе Управниот одбор на федерацијата, која пред малку ја објави на својјата фејсбук страница.

Zito akcija 640x289px

„Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука да донира финансиски средства во висина од 307.500,00 денари, за лицето Тони Шопов за лекување во странство. Тони Шопов е истакнат спортски работник од Велес, некогашен репрезентативец со особен придонес за ракометот. Упатуваме искрени желби за брзо закрепнување“, се вели во соопштението на РФМ.

Agria

Прославениот ракометар кој кариерата ја почна во Борец, а играше и за неколку македонски, германски и португалски клубови, се бори со тешка болест, за чие лекување во странство се потребни околу 20.000 евра, па семејството побара помош од хумани граѓани и организации.

Досега преку социјалните мрежи и интернет страниците за донации за само три дена собрани се нешто над 15.000 евра, кои ги донираат хумани граѓани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: