Велешкиот ракометен клуб Борец, официјално ги пушти во продажба сезонските билети за натпреварите од новата сезона.
Најверните фанови на Борец, за сума од 400 денари ќе можат да си купат билет за сите натпревари кои екипата ќе ги одигра во салата „Гемиџии“ во Велес. Од клубот, информираат дека карта само за еден натпреавр ќе чини 50 денари.
Содржината продолжува под рекламата
Иначе новата сезона во Првата ракометна лига, која се очекува да биде многу интересна, ќе стартува подоцна од предвидениот термин. Наместо викендот на 11/12 септември, стартот на возбудувањата во оваа конкуренција ќе биде една недела покасно, на 18/19 септември, ждрепката е закажана за 7 септември.