Ранети две лица во престрелка во Белград, едното е македонски државјанин

policija svetla
policija svetla

Две лица на возраст од 20 до 30 години синоќа биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката од заталкан куршум. Ова лице, Д.Л. (21) е македонски државјанин, потврди и Министерството за внатрешни работи во земјава. Tој е во Ургентниот центар каде што му се врши хируршки зафат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Три часа по пукањето, според српските медиуми, лицето што пукало, Н.Џ (20), било уапсено и одредено му е задржување во полициска станица до 48 часа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: