Рашфорд испиша историја, за 27. минути постигна три гола

Markus Rasford
Markus Rasford

Тимот на Манчестер Јунајтед синоќа одлигра натпревар за паметење во натпревар од Лигата на шампионите каде со 5:0 славеше против тимот на Лајпциг.

Тимот на Оле Гунар Солскер го надиграа својот противник во последните 25 минути после влегувањето на напаѓачот наМанчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Agria

22. годишниот офанзивец влезе од клупата за резервни фудбалери при резултат од 1:0 и за кратко време успеа да го растури противникот од Германија.

Маркус Рашфорд постигна хет-трик, со кој му помогна на својот тим да стигне до убедлива и неочекувана победа против незгодниот Лајпциг.

Маркус Рашфорд со овој хет-трик стана само вториот играч во историјата на Манчестер Јунајтед на кој му успеало да постигне три гола откако ќе влезе од клупата за резервни фудбалери.

Претходно тоа единствено му успеало на сегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој во дресот на ЈУНАЈТЕД постигнал три гола како замена во далечната 1999 година против Нотингем Форест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: