На конкурсот кој го објави Општина Велес за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“, предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност земјава. Конкурсот трае до 28 февруари годинава.
На конкурсот нема да се земат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си. Наградата ја доделува Општина Велес и Театарот „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“, а се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.
Наградата ќе биде доделена на престојното 4 -то издание на Фестивалот „5- ре“ годинава во Велес.
Инаку наградата за актерско животно дело „Петре Прличко“ се доделува од 2006 година, а прв добитник беше актерот Благоја Спиркоски Џумерко.