Расте бројот на оздравени, а се намалува бројот на заразени пациенти во земјава

Veles naslovna 997-485
Veles naslovna 997-485

Бројката на новозаразени пациенти во земјава полека опаѓа. Во последните 24 часа се регистрирани само 100 случаи на коронавирусот од направени 764 тестирања. Од нив, тројца пациенти се од во Велес, каде што има и 16 оздравени пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство нема починат пациент како последица од Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови изгледа вака:

Agria

Скопје 47-Куманово 3-Дебар 12-Штип 1-Прилеп 4-Тетово 10 -Велес 3-Охрид 4-Кавадарци 8-Гостивар 3-Крива Паланка 1-Радовиш 1-Кочани 2-Кичево 1.

Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од:-Скопје 314-Куманово 10-Штип 14-Прилеп 27-Тетово 16-Струга 8-Велес 16-Битола 26-Охрид 16-Кавадарци 13-Гостивар 13-Гевгелија 12-Струмица 12-Крива Паланка 3-Крушево 11-Кочани 9-Пробиштип 1-Демир Хисар 2-Македонски Брод 2-Пехчево 3-Берово 3-Валандово 3-Делчево 1-Свети Николе 1-Кичево 5-Ресен 7 -Неготино 3.

Досега во Македонија се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: