Расте притисокот врз Ковид амбулантите на истокот од државата

Infektivno Stip 2

Над половина од пациентите во штипската болница се на постојана кислородна подршка. 28 пациенти буквално се борат за здив и имаат проблеми со нивото на кислород во крвта.

Zito akcija 640x289px

Трет ден бројот на хоспитализирани на инфективното и кожното одделение во Штип е 56. Од таму велат, се намали притискот врз болниците од истокот, но се зголеми бројот на потешки случаи.  За сметка на тоа расте притисокот врз Ковид амбулантата каде дневно се прегледуваат и по 100 пациенти.

Agria

„За пациентите кои чекаат на преглед пред Ковид амбулантата, во текот на утрешниот ден ќе биде поставен шатор, донација од Црвениот крст. Во него ќе ставиме клупи и ќе обзебедиме греалки, за да им биде топло на пациентите, кои чекаат надвор пред инфективното одделение“, вели Ален Георгијев, директор на КБ Штип

Дека се намалил притиокот врз Ковид центрите од истокот говори и податокот дека 21 кревет се слободни во болницата во Кочани. Таму во моментот се лекуваат 18 граѓани со потврден и еден соминителен случај на корона вирус. Петмина се на кислородна подршка.

Статистички во регионот што гравитира кон Ковид центрите во Кочани и Штип активни се 1738 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16002/video-prevalecz-go-torpedirashe-mladost-od-krivogashtani/