Двајца мигранти од Авганистан завчеравечер пријавиле во велешката полиција дека две лица ги нападнале и ги ограбиле, одземајќи им пари.
Според нивната приказна, додека мигрантите се движеле по автопатот Градско – Велес, во близина на велешкото село Каласлари, едно од лицата им понудило да ги одвезе до граница за сума од 200 евра и тие прифатиле.
Кога Авганистанците влегле во возилото, дошло уште едно лице и по кратко возење застанале и физички ги нападнале, по што им се заканиле со пиштол и им ги одзеле парите.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Вести од иста категорија: