Во земјотрес кој се случи рано утрово во Турција загинаа околу 300 луѓе, а над 2000 се повредени. Разорниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер е регистриран во јужната погранична провинција Газиентеп кај гратчето Нурдаги. Жртви од земјотресот има и во Сирија.
Содржината продолжува под рекламата
Потресот траел околу една минута и ги искршил прозорците, според сведок на Ројтерс во Дијарбакир, 350 километри на исток, каде што официјален претставник за безбедност рече дека најмалку 17 згради се урнале.
Содржината продолжува под рекламата
Сириските државни медиуми јавија дека голем број згради се урнале во провинцијата Алепо, додека извор од државната служба на Хама изјавил дека таму се урнале неколку згради.
Спасувачките екипи се на терен, а првите снимки покажуваат разурнати згради од кои спасувачите извлекуваат повредени луѓе.
Можеби ќе ве интересира: