Разрешена уште една судијка, судскиот совет ја разреши Софија Лаличиќ

Sudskiot-sovet-RSM-5
Sudskiot-sovet-RSM-5

Судијката Софија Лаличиќ од денеска е разрешена. Судскиот совет денеска донел одлука за нејзино разрешување, а одлуката за разрешување на судијката била донесена со 11 гласа „За“ и два гласа „Против“.

Zito akcija 640x289px

„Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, стои на веб страницата на Судскиот совет.

Agria

Инаку сега веќе поранешната судијка Софија Лаличиќ се спомнуваше во една од „бомбите“ што ги објавуваше тогашната опозициска СДСМ од нелегалното масовно прислушување. Во истиот разговор се спомнуваше и поранешната претседателка на Основниот суд Скопје 1, Лидија Неделкова, која неодамна, исто така, беше разрешена од врховна судијка.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: