Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

dik_1

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии.

Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата.

Agria

Членовите на ДИК го прифатија предлогот на Дитмире Шеху овие лица да бидат контактирани телефонски веднаш за да може ОИК да се комплетираат и да започнат со работа во пресрет на локалните избори на 19 октомври 2026 година.

ДИК на денешната седница го усвои и планот за вработувања за 2026 година.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: