Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

РEK Битола го удвои производството на струја, Блок 1 е приклучен на мрежата

REK Bitola
REK Bitola

РЕК Битола двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава, информираат од Владата.

Zito akcija 640x289px

„Постројката е повторно во функција после 23 дена ремонт и заедно со Блок 2 испорачуваат електрична енергија. Ремонтот, кој обично трае 45 дена и повеќе, завршен е во рекордно краток рок, пред се благодарение на вработените во РЕК Битола и на ангажманот на исклучиво домашни фирми. Согласно Планот за производство и во непроменети околности, РЕК Битола треба да продолжи да работи со два блока до почетокот на ноември. Откако ќе биде монтиран новиот трансформатор на Блокот 3, во краткотраен ремонт треба да влезе и Блок 2 со цел да се зголеми доверливоста и стабилноста на капацитетот во екот на грејната сезона“ се вели во соопштението од македонската Влада.

Agria

АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи исклучиво од сопствено домашно производство, дополнуваат оттаму.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: