Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 88. Од нив, 67 имаат потврдени позитивни тестови, 13 пациенти се сомнителни на вирусот, аосум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 41 пациент. На инфективното оддееление има 53 пациенти, на интерното 12 и во Модуларната болница се лекуваат 23 пациенти.
Од велешката болница известуваат дека починати сe двајца пациенти, и тоа маж на 70 годишна возраст, позитивен од Велес лекуван кој бил лекуван на инфективното одделение 4 дена, и жена на 68 годишна возраст лекувана еден ден на нфективно одделение.
Можеби ќе ве интересира: