Полицијата вчера казни 35 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 19 казни, а во Неготино 16 граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во период 02./03.09.2020 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 70 лица и тоа, 35 во Велес, 19 во Кавадарци и 16 во Неготино“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: