Во последните 24 часа, во Словенија, регистрирани се 79 нови позитивни случаи на коронавирус, со што вкупниот број на регистрирани од почетокот на епидемијата се зголеми на 3312, од кои 519 се активни случаи, објави словенечката влада.
Досега, на дневна основа, најмногу потврдени случаи со коронавирус во Словенија беше забележано на 26 март, две недели по прогласувањето на епидемијата, кога имаше 61.
Нови жаришта се во домови за стари лица, каде има 15 новозаразени, и во училишта кои се отворија на почетокот на минатата недела, но само класовите во кои се потврдени случаите се ставаат во карантин, додека за другите, образовниот процес продолжува.
Можеби ќе ве интересира: