Рекорден број на заразени од Ковид-19 во последните 24 часа во Хрвтска

Хрватска-Ровињ
Хрватска-Ровињ

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани рекордни 369 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на активни случаи се искачи на 2.634. Досега, најголем број заболени во еден ден имало на 26 август, вкупно 358 лица.

269 заболени се на болничко лекување, а 15 пациенти се приклучени на респиратор, а починале тројца пациенти, јавуваат хрватските медиуми

Agria

Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај на коронавирус, во Хрватска се регистрирани 11.094 заболени, од кои 194 починале, а 8.266 оздравеле.

Во самоизолација се 8.901 лица, а до денес се тестирани 179.838 лица, од кои 4.492 во изминатите 24 часа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: