Фудбалерите на Борец 1919, одиграа уште еден нерешен резултат на домашен терен. Во рамките на 9 коло од Втората македонска фудбалска лига ги поделија бодовите со екипата на Детонит од Радовиш.
Дуелот на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес не понуди којзнае колку возбудувања за навивачите. Домашните имаа шанса преку Флорент Османи во првото полувреме да го отворат резултатот, додека гостите од Радовиш единствената посериозна шанса за гол ја имаа преку Христов во 52 минута. За одбележување е повредата на голманот на Борец 1919, Петар Јакимов, кој беше пренесен во болница поради потешка повреда.
Веќе во вторник продолжуваат возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига, а Борец 1919 гостува во Штип, кај екипата на Брегалница која e втора на табелата, и сеуште ја нема почуствувано горчината на поразот.