Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, со што е подготвен терен за двегодишна поделба на власта во американскиот Конгрес, со оглед дека демократите на претседателот Џо Бајден ја задржаа контролата во Сенатот.
Благодарение на мнозинството во Претставничкиот дом, Републиканците ќе можат да го спречат Бајден во спроведување на неговата политичка агенда и да иницираат потенцијално штетни политички истраги против неговата администрација и семејство, пренесува Н1.
Тесната победа на републиканците, сепак, е далеку од „црвниот бран“ на кој се надеваше и очекуваше партијата. На меѓународен план, републиканците би можеле да се обидат да ја намалат американската воена и економска помош за Украина во нејзината војна против Русија.
Можеби ќе ве интересира: