РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

renewable-energy-supply

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар и најголем дел од стопанството добива електрична енергија од РЕС, објави Регулаторната комисија за енергетика. РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а останатиот дел го делат други 20 снабдувачи.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека во снабдувањето на големите субјекти држи дури 34% од пазарот.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Покрај на големите потрошувачи, РЕС дава исклучително поволни и поевтини понуди за снабдување и на мали потрошувачи и нивниот број во балансната група на РЕС постојано расте, особено од почетокот на 2024 година.

Компанијата во моментот бележи уште повисоки резултати и снабдува над 900 клиенти, со предвидена годишна количина од околу 700.000 MWh  електрична енергија. РЕС е формиран во 2022, а годинава се најде на листата на ТОП 100 компании со најголема добивка во 2023 година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: