По само пет одиграни кола во Општинската фудбалска лига, се случи ново откажување од натпреварувањето. По 53 години натпреварување во Општинската лига и Третата фудбалска лига, ФК Бабуна од село Мартолци се откажа од лигата поради игнориранскиот однос на целокупното раководство на ОФС Велес посебно на судиската организација
„ФК Бабуна се откажува од натпреварувањето поради игнориранскиот однос на целокупното раководство на ОФС Велес посебно на судиската организација“, изјавија од клубот.
Дека има големи проблеми во говори и уште еден податок, денес по одигрувањето на натпреварот Горски – Бузалкова, гостинските играчи го нападнале главниот судија, а имало провокации на национална основа за што дополнително ќе се дадат изјави.
Резултати од 5 коло: Форца Нова – Чашка 3:1, Локомотива Градско – Тополка 1:2 и Горски – Бузалкова 2:1.