Родители бараат второ полугодие со онлајн настава

Onlajn nastava prazna ucilnica

Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од  ФБ група со над 15 000 членови, за утре најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека  нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест“, велат од движењето.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26670/amsm-so-informaczija-za-sostojbata-na-drzhavnite-patishta/