Ром од попишувач во Велес бил попишан како не-Ром, се бараа одговорност и повторно попишување на лицето

Popis 2021

Граѓанското здружение Аваја, во своето соопштение до јавноста тврдат дека во Велес, во текот на спроведување на пописот, конкретен попишувач не ја извршувал својата работа согласно правилата за попишување на пописот, особено во делот на пополнување на информациите кои се однесуваат на религија, јазик и етничка припадност, пренесува фактор.мк.

Zito akcija 640x289px

„Лице кое било попишано од страна на конкретниот попишувач сведочи за неможност да ја изјасни својата ромска етничка припадност“, пишиваат од Аваја во дописот до јавноста.

Agria

Наведууваат дека лицето кое се попишало јасно истакнало дека сака да биде попишан како Ром на пописниот лист, меѓутоа конкретниот попишувач навел дека не може да го најде делот наменет за религија, јазик и етничка припадност во пописниот прашалник. 

„Следствено, пописот завршил без лицето да биде попишано како РОМ! Во овој случај истакнуваме дека станува збор за непополнување или неточно пополнување и прекривање на податоците внесени во пописниот лист, што претставува казниво дело и акт кој повикува на преиспитување на податоците внесени во пописната апликација од страна на конкретниот попишувач“, се вели во соопштението од Аваја.

Аваја апелира дека ваквото постапување од страна на конкретниот попишувач може да претставува и злоупотреба на вршењето на оваа конкретна задача. 

„Апелираме и го бараме следното: конкретниот попишувач во Велес да биде отстранет од позицијата попишувач, конкретниот попишувач соодветно да сноси одговорност, Законот за попис (2021) член 49 наведува дека ваквите случаеви се казнуваат со казна затвор од најмалку 3 години, а внесените податоци во електронскиот пописен прашалник од страна на конкретниот попишувач да бидат класифицирани како наупотребливи податоци и попишаните лица повторно да бидат попишани“, се вели во соопштението.

Аваја истакнува дека злоупотребата на позицијата попишувач не треба да се толерира и дека Државниот Завод за Статистика треба да пронајде начин како да не се појавуваат злоупотреби во текот на спроведувањето на попис, но и како тие злоупотреби да бидат поправени.

„Повторно упатуваме порака до јавноста и до надлежните дека Аваја го следи спроведувањето на пописот и располага со информации во делот на точен број на Роми на национално и локално ниво (според своја развиена методологија). Истакнуваме дека доколку бројот на Роми на овој попис е значително помал од реалниот број на Роми во државата, Аваја нема да ги признае резултатите од пописот. Истакнуваме дека Аваја спроведува кампања за значењето на пописот и допринесува за генерално спроведување на пописот, меѓутоа секоја злоупотреба ќе биде комуницирана до јавноста“, се вели во соопштението од ова здружение.

Извор на веста: faktor.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23723/vmro-dpmne-ushte-vo-prviot-krug-so-poddrshka-za-kandidatot-na-alijansa-za-albanczite-vo-tetovo/