Русковска за полициската акција: Година време собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење

vilma ruskovska

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите зборуваше за полициската акција која се одвиваше на повеќе локации низ Скопје. Таа рече дека една година се собирале докази, но и дека и натаму се трага.

Zito akcija 640x289px

„Година време собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење. Приведени се 21 лице, тие се наоѓаат во повеќе полициски станици, а како што сум информирана, по одредени лица сѐ уште се трага“, изјави Русковска, која се надева дека утре ќе излезат на прес-конференција и ќе соопштат повеќе детали.

Agria

Обвинителката Русковска вели дека обвинителите и истражителите во нејзиното обвинителство долго време го работат овој предмет и собираат докази.

Русковска посочи и дека до овој момент нема осомничени полициски службеници што соработувале или биле дел од групата, но не ја исклучува таа можност. Како што вели, ќе се вршат вештачења на телефони и, ако се најде комуникација, сигурно со предметот ќе бидат опфатени и овластени службени лица.

Специјалните единици на Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово спроведoa голема полициска акција во скопски Грчец и Гази Баба, a aкцијата ја водeше Основното јавно обвинителство за гонење на рганизиран криминал и корупција во координација со МВР. Акцијата е против лица за нелегална трговија со дрога и до сега, и уапсени се над 20 лица.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19483/video-atanasov-brako-postavi-svetski-standardi-idninata-e-vo-vozilata-na-vodoroden-pogon/