САД и официјално се повлече од СЗО

szo
szo

САД и официјално се повлекува од (СЗО) по наредбата на претседателот Доналд Трамп, кој ја обвини организацијата за лошо раководење со пандемијата на Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

„Конгресот прими известување дека претседателот Трамп и официјално ги повлекол САД од Светската здравствена организација. Ова нема да ги заштити животите или интересите на Американците, туку ја остава Америка сама и болна“, напиша сенаторот Роберт Менендес на Твитер.

Agria

Стејт департментот исто така потврди дека известување за повлекувањето, кое стапило на сила на шести јули, било испратено до генералниот секретар на ОН.

Американскиот претседател во април објави дека САД ќе запрат да уплаќаат средства во буџетот на СЗО, а веќе следниот месец најави и повлекување од членството, тврдејќи дека Кина има целосна контрола врз неа и дека таа не успеала да се справи со Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: